Директорот на трки на Формула 1, Чарли Вајтинг вели дека со новиот софтвер ќе биде полесно ФИА да одлучи дали системот за енергетски поврат (ЕРС) на Ферари ги прекршува правилата по истрагата на Монако ГП трката.
Мерцедес побараа од ФИА да се истражи легалноста на двете батерии на болидот на Ферари, и по трката во Монако, каде што болидите на Ферари возеа со посебен сензор, Вајтинг изјави дека се задоволни од оперативноста на Ферарито.
„Преку комплексна рутина успеавме да утврдиме дека болидот на Ферари е ОК. Но, не сакаме да го проверуваме тоа на секоја трка, така што ќе има дополнителни мерења во Канада, со подобрен софтвер за да се разјасни целосно ситуацијата. Клучното прашање е да се утврди разликата меѓу двете половини на батеријата ,бидејќи другите тимови се однесуваат кон баеријата како една, додека Ферари ги третира како два посебни дела. Се надевам дека не откривам многу за ривалите“, вели Вајтинг.
Мерцедес не беа задоволни што Вајтинг откри дека двајца поранешни високи инженери на Ферари кои сега работат во Мерцедес, Лоренцо Саси и Џејмс Елисон, се одговорни за истрагата.
Новиот софтвер на ФИА ќе биде достапен од Канадското ГП во Монтреал.
Фото: ЕПА