Тинејџерката Софија Флерш, возач во Формула 3 шампионатот, имала „ангел чувар на рамото“ за да го преживее страотниот инцидент на Макау ГП трката, во кој прелета преку бариерата и удри во „бункерот“ на фотографите со огромна брзина, објаснува шефот на нејзиниот тим.
17-годишната Флерш го скрши ’рбетот, а уште четири луѓе беа повредени во инцидентот кој го шокираше светот на мотоспортот.
„Тоа беше како да си во ракета. Преживувањето беше неверојатно. Сметаме дека возеше околу 276 км/ч во тој момент. Никогаш не сум видел вакво нешто. Сум ги видел речиси сите инциденти во мотоспортот, но ова беше дефинитивно најлошиот. Имавме среќа што леташе бидејќи ја прескокна бариерата, бидејќи така ќе беше многу полошо“, вели Фритс ван Амерсфорт, сопственикот на тимот.
Жан Тод, претседателот на Светската автомобилистичка федерација (ФИА) изјави дека неделниот судир, кој доаѓа една година откако британскиот мотоциклист Даниел Хегарти го загуби животот на истата патека како осми возач во историјата, ќе биде детално истражена.
„ФИА ќе помогне во анализата на тоа што точно се случи. Ќе ги преземеме сите потребни мерки“, изјави Тод.
Јапонскиот возач Шо Цубои, над кого излета Флерш остана со болки во грбот, додека двајца фотографи и еден маршал исто така завршија во болница.