Top Sport

Флерш остана со скршен ’рбет по шокантниот судир (видео)

По шокантниот судир, 17-годишната германска натпреварувачка во Формула 3, Софија Флерш доби посериозна повреда на ’рбетот по спектакуларниот судир на Макау ГП трката, потврди нејзиниот тим Ван Амерсфорт.

Тинејџерката ја загуби контролата на кривината, пред да излета над бариерите директно во просториите каде што беа поставени фотографите.

„Сакав да им кажам на сите дека сум добро, но ќе одам на операција утре наутро. Благодарам на сите кои се грижат за мене“, напиша Флерш на Твитер.

Шокантно! Неверојатен хорор судир на Ф3 трката во Макау! (видео)

Scroll to Top