Top Sport

Фолксваген би можел да ги замени Хонда во Формула 1

Германските медиуми шпекулираат дека Ред бул рејсинг се во преговори со Порше откако Хонда денеска ги шокираше сите со потврдата дека по 2021 година заминуваат од Формула 1 како снабдувач на мотори.

Сшпред „Ф1-инсајдер“, матичната компанија на Порше, Фолскваген подолго време планира влез во Формула 1 со својот луксузен бренд, а Ред бул е совршен партнер. Единствен проблем е што Фолскваген не се подготвени да се обврзат за настаи од 2022, туку само од 2026 година, кога ќе има нови правила за моторите.

Извршниот директор на Порше, Херберт Дис неодамна изјави дека тркањето е во ДНК-та на компанијата.

„Според мене, мораме да продолжиме со тркачките активности, бидејќи спортот станува климатски неутрален со користењето на синтетички горива и тоа е поинтересно и позабавно од Формула Е“, изјави Дис.

Scroll to Top