Формула 1 има пораст од 8 проценти во бројот на фанови кои присуствуваа на трките во 2017 година, со 13 од 20-те трки со зголемување, објави „Либерти медија“.
Монако и Абу Даби немаа промени во бројот на посетителите, додека пет (од кои две со најголем број на гледачи) имаа минорно намалување на бројот на посетители. Просечна посета на тридневните настани (петок-до-недела) беше 203.570 гледачи, а просекот на неделната трка 76.722.
Вкупната посета на 20-те трки е 4.071.400 и следната година се очекува поголема посетеност бидејќи има една дополнителна трка на календарот.
Канада има најголем број на посетители (360.000), зголемување од 60.000 од 2016, по што следува Британското ГП во Силверстоун (344.500) и Мексиканското ГП (337.043). Азербејџан има најголем раст од 58 отсто со 71.451 гледачи, но останува најслабо посетена трка, додека Јапонија има најголем пад од 145.000 на 137.000 гледачи.