Top Sport

Формула 1 го казни Леклер

Возачот на Ферари, Шарл Леклер, поради казна, трката за Големата награда на Монако ќе ја започне од шестата позиција.

Леклерк квалификациите ги заврши на третото место, а беше казнет бидејќи го попречувач возачот на Мекларен, Ландо Норис во тунелот, кој беше во брз круг и поради тоа не успеа да го подобри резултатот и остана десетти.

„Леклерк го заврши својот последен круг во третиот дел од квалификациите и беше на патеката. Норис беше во брз круг, стигна до Леклер во средината на тунелот и јасно е дека беше блокиран“, се вели во соопштението на стјуардите. .

Поради казната Леклерк падна на шестото место, па Естебан Окон од Алпин, Карлос Саинц од Ферари и Луис Хамилтон од Мерцедес го подобрија пласманот за по едно место.

Од првото место ќе стартува возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, лидер во генералниот поредок, а од второто Фернандо Алонсо од Астон Мартин.

Големата награда на Монако е закажана за недела во 15 часот.

Scroll to Top