Top Sport

Формула 1: Откажана е трката за ГН на Јапонија!

Трката во Формула 1 за Големата награда на Јапонија е откажана поради ширењето на коронавирусот
Трката на легендарната „Сузука“ беше планирано да се одржи на 10. октомври, а инаку тоа требаше да е 17-тата од вкупно 23 трки оваа сезона.

Компликациите со зголемениот број заразени со коронавирусот си го направија своето.

„Одлуката ја донесе јапонската влада поради компликациите предизвикани од пандемијата. Формула 1 работи на деталите околу промената на календарот и се ќе биде познато во наредните недели“ соопштија првите луѓе на натпреварувањето.

За потсетување Јапонија неодамна ги организираше летните Олимписки игри во Токио, а им претстои и организацијата на Параолимписките игри.

Поради пандемијата на коронавирусот годинава веќе се откажани трките во Сингапур, Канада и Австралија, а одлежена е трката планирана да се вози во Кина.

Scroll to Top