Во текот на првиот Формула 1 викенд од новата натпреварувачка сезона имало 12 позитивни на Ковид 19, објави Меѓународната автомобилска федерација (ФИА).
„Од 22 март до 28 март направени се 8.150 тестови, а 12 личности биле позитивни“ соопштија од ФИА и притоа наведоа дека тестирани биле возачи, членови на екипите и придужни личности.
Раководството на Ф1 и ФИА најавуваат дека за бројот на заразени ќе објавуваат по секоја трка за да се зголеми транспарентноста и интегритетот на натпреварувањето.
На првата трка возена во Бахреин победи Британецот Луис Хамилтон, а следната трка е планирано да се вози на 18 идниот месец за Големата награда на Италија, на патеката „Имола“.