Иднината на класичното Белгиско ГП на патеката Спа-Франкошамп е осигурено, откако локалната влада на Валонија потпиша тригодишно продолжување на договорот со новите сопственици на Ф1, „Либерти медија“.
Иако во Спа се вози една од најдобрите и најпознатите Формула 1 трки, трката е во загуба, и овие трошоци ги покрива локалната власт. Сепак, за оваа година, веќе се продадени 200.000 билети (од кои 75.000 за трката), најмногу поради легијата на холандски фанови на Макс Ферстапен.
„Ова е добар договор со кој Валонија го задржува натпреварувањето со кое се промовира нашиот регион. Ова е нова ера за нас, бидејќи првпат преговаравме со луѓето од ’Либерти’. Економијата на нашиот регион доби 20.5 милиони евра во 2017, пораст од 21 процент од 2016 година“, вели министерот на економија на Валонија, Пјер-Ив Жеоле.
Фото: ЕПА