Седумкратниот шампион Луис Хамилтон не сакаше да открие што зборувале со шефот на Мерцедес, Тото Волф, откако камерите ги фатија во „жестока“ дискусија по катастрофалните квалификации за „сребрената стрела“.
Хамилтон само што беше елиминиран во втората квалификациска сесија во Имола, за да го освои 13. место, и веднаш по излегувањето од боксот размени зборови со видливо вознемирениот Волф. Покрај тоа, Хамилтон успеа да влезе во втората квалификациска сесија за само илјадити делови од секундата, со нови проблеми со В13 болидот на влажната италијанска патека.
Ова е првпат од Јапонското ГП во 2012 година, Мерцедес да не влезат во третата квалификациска сесија на една трка, откако Џорџ Расел заврши како 11.
„Тоа се внатрешни работи, така што нема да ги споделам со вас. Но, ќе продолжиме да работиме напорно. Секој викенд. Секако, ситуацијата е разочарувачка, посебно бидејќи пристигнавме со оптимизам и по напорна работа во фабриката. Мислам дека потфрливме како тим денеска. Имаше работи кои не ги направивме како што треба“, вели Хамилтон.