Top Sport

Гасли најбрз на првиот тренинг во Бахреин

Со првиот слободен тренинг во Бахрин, официјално започна новата сезона во Формула 1. Тренинг, слично како и тестирањата во претсезоната, донесе многу повеќе прашања од одговори.

Најбрзиот круг го постави возачот на Алфа таури, Пјер Гасли. Во интервал од една секунда, беа уште шест возачи.

Гасли возеше 1:34.193 минути. Зад него завршија возачите на Ферари, Шарл Леклер (+0.364) и Карлос Саинц (+0.418).

Џорџ Расел кој од оваа сезона вози за Мерцедес беше четврти (+0.436), веднаш зад него се најде бранителот на титулата, Макс Ферстапен (+0.549).

Шестото и седмото најдобро време го забележаа Ленс Строл од Астон мартин (+0.621) и Луис Хамилтон (+0.750).

Вториот тренинг во Бахреин ќе се вози од 16 часот.

Scroll to Top