Top Sport

Гасли најбрз на третиот тренинг, Хамилтон трет, Ферстапен удри во заштитната ограда

Третиот тренинг, во пресрет на трката за Големата награда на Азербејџан, му припадна на возачот на Алфа Таури, Пјер Гасли. Во финишот на трениг-сесијата, францускиот возач го извозе најбрзиот круг, 1:42.251.

Случувањата на третиот тренинг се добра најава за возбудливи квалификации. Најдоминантниот тим изминатите неколку сезони, Мерцедес, имаше големи проблеми. Во еден дел од тренингот, Луис Хамилтон и Валтери Ботас беа на 17 и 18 место, зад нив беа само двајцата возачи на Хас, Мик Шумахер и Никита Мазепин.

Хамилтон, во последната минута од тренингот, успеа да се искачи на третото место, зад Гасли и Серхио Перез од Ред Бул, додека Ботас заврши на 13.место, со 1,3 секунди послабо време од резултатот на Гасли.

Зад Хамилтон се најдоба возачите на Ферари, Шарл Леклер и Карлос Саинц, а меѓут најдобрите десет завршија Ландо Норис (Мекларен), Фернандо Алонсо (Алпин), Јуки Цунода (Алфа таури), Естебан Окон (Алпин) и Даниел Рикардо (Мекларен).

Лидерот во генералниот пласман, Макс Ферстапен, третиот тренинг го заврши на 15.место. Холанѓанецот, по 30 минути удри во заштитната ограда и повеќе не се врати на патеката.

Квалификациите за трката на Големата награда на Азербејџан ќе се возат во 14 часот.

Scroll to Top