Шефот Матија Биното ќе ја плати цената за разочарувачката сезона на Ферари и ќе биде заменет од Фред Васер, шефот на партнерскиот тим Алфа Ромео, Фредерик Васер, тврди „Ла газета дело спорт“.
Ферари беа лидери во генерален пласман на возачи и на конструктори по првите три трки од сезоната, најавувајќи се како сериозен кандидат за титулата, пред да дозволат Ред бул апсолутно да доминира во остатокот на сезоната, за на крај во последната трка во Бразил, Ферари да се далеку и од Мерцедес. Според проценката на газдите од „Стелантис спорт“, главен проблем на тимот биле оперционите и тактичките грешки во повеќе трки, и виновен за тоа е Биното, кој стана познат како инженер, но не и како тактичар.
54-годишниот Васер пак, го предводи тимот на Заубер, сега под името Алфа Ромео по партнерството со Ферари и оваа сезона се на чекор до шестото место во генерален пласман, драстично подобрување на формата од минатата сезона и израмнување на најдобриот успех од 2012 доколку ги остават Астон Мартин зад нив на последната трка од сезоната.