Трката за Големата награда на Бразил, во првенството на Формула 1, од наредната сезона нема да се одржува во Сао Паоло, туку во Рио де Жанеиро, изјавил претседателот на државата Жаир Болсонаро.
Патеката „Интерлагос“ во календарот на Формула 1 е од 1990 година, а претседателот ја образложил одлуката зошто во иднина ќе се вози во Рио де Жанеиро.
„Шест до седум месеци ќе ни бидат потребни за да ја изградиме патеката. Градот Сао Паоло има договор со Ф1 на уште една година, а потоа трката ќе се пресели во Рио. Во Сао Паоло локалната влада и покрај државната помош направи голем долг. Патеката сега се гради од приватни фондови без јавни пари“, рекол Болсонаро.
Инаку првата трка за Големата награда за Бразил е одржана во 1972 година.