Top Sport

Грожан во Индикар, но стравот по огнениот судир го натера да не се трка на овални патеки

Поранешниот возач на Хас, Роман Грожан, потврди дека ќе вози во американскиот Индикар шампионат, но реши да не оди на трките кои се возат на овална патека по стравот по страшниот инцидент на Бахреин ГП трката минатата година.

Французинот чудесно избегна посериозна повреда во неверојатниот судир на трката во Бахреин, во која заработи само изгореници на рацете и не возеше на последните две трки од сезоната. Тој оваа сезона ќе вози за Дејл Којн рејсинг тимот, но не и на четвртите овални трки на календарот.

„Да, тоа што се случи во Бахреин имаше врска со одлуката. Бев во контакт со Дејл Којн пред несреќата и добив понуда за цел шампионат, но тогаш се случи тоа. Во Бахреин помислив дека сум мртов и како татко на три деца, морам да носам совесни одлуки за иднината. Не сум подготвен да ризикувам тркање на овални патеки, повеќе за децата и мојата сопруга“, изјави Грожан.

Оваа одлука значи дека тој нема да вози на славната Индијанаполис 500 трка, како и на двете трки на Тексас Моторспидвеј и на Гејтвеј.

Страшен инцидент во Бахреин, преполовен и запален болидот на Грожан

Scroll to Top