Top Sport

Хамилтон доби „кечерски“ појас

Луис Хамилтон уште во октомври ја освои својата четврта светска титула во Формула 1 шампионатот, но пред последната трка од сезоната во Абу Даби, доби посебен шампионски појас.

Легендата на ВВЕ лигата во борење (кај нас попознати како „кечери“), Трипл Ејч (Triple H), му предаде на 32-годишниот Британец посебен шампионски појас

„Од сите нас во ВВЕ до Ф1 шампионот Луис Хамилтон. Заврши ја сезоната силно во Абу Даби и ќе се видиме кога ВВЕ ќе дојде во Абу Даби на 7 и 8 декември“, напиша Трипл Еjч на Твитер.

Scroll to Top