Луис Хамилтон имаше разочарувачка трка во Канада, откако заврши само на петтото место минатиот викенд, иако беше еден од фаворитите за победа. Главниот стратег на Мерцедес, Џејмс Воулс открива дека Англичанецот добил совет да не се доближува до Макс Ферстапен пред него!
Хамилтон, кој има шест победи на патеката „Жил Вилнев“ го загуби водство во генерален пласман со петтото место откако Себастијан Фетел во Ферари триумфираше, додека неговиот колега Валтери Ботас без мака стигна до второто место.
„Тој не можеше да дојде до две секунди од Ферстапен. Добивме порака дека има проблем со ладењето на болидот и моравме да обезбедиме да има доволно чист воздух во радијаторите, а тоа може да се осигура ако не си зад ривалски болид“, објаснува Воулс.
Фото: ЕПА