Луис Хамилтон доминирае на вториот слободен тренинг, во пресрет на решавачката трка во сезоната, Големата награда на Абу Даби.
Времето на најбрзиот круг, то го постави возачот на Мерцедес, изнесува 1:23.691 минути. Овој резултат е за секунда и пол подобар од резултатот на најбрзиот на првиот тренинг, Макс Ферстапен.
Три десетинки зад Хамилтон беше изненадувањето на вториот тренинг, возачот на Алпин, Естебан Окон. Тој за „влакно“ беше побрз од Мерцедесот на Валтери Ботас.
Лош, втор тренинг имаа возачите на Ред Бул. Макс Ферстапен и Серхио Перез имаа послабо време од Хамилтон за речиси седум десетинки.
Третиот тренинг ќе се вози утре од 11 часот, квалификациите се на програмата во 14 часот.
Трката за Големата награда на Абу Даби ќе се вози во недела ов 14 часот.