Top Sport

Хамилтон е „газда“ во Мерцедес – му нареди на Волф да прекине интервју (видео)

Луис Хамилтон не е среќен човек. Тоа можеше да се забележи на неделната трка во Сингапур, каде што го прекина шефот на тимот, Тото Волф во сред интервју и го повика на разговор, откако Мерцедес не беше на подиумот на патеката Марина Беј, а Ферари стигна до третата последователна победа.

Иако разликата во генерален пласман е огромна (Хамилтон води со 65 поени пред Ботас и 96 поени пред Леклер), очигледно Британецот не е задоволен од сегашната форма на тимот и признава дека не знае кога ќе дојдат најавените подобрувања на болидот.

„Сигурен сум дека ќе имаме подобрувања во еден дел од сезоната. Не знам кога ќе дојдат и што ќе дојде, но следните неколку трки ќе бидат тешки. Во генерален пласман нема некоја промена, но е тешко. Ова е тежок спорт, дури и тогаш кога победувавме, не сте свесни колку работа стоеше зад тоа“, изјави Хамилтон.

Scroll to Top