Top Sport

Хамилтон со емотивна посвета за Шумахер

Четирикратниот светски шампион Луис Хамилтон не заборави на легендата Михаел Шумахер, објаснувајќи дека и четири години под неговата несреќа, тој уште се моли за седумкратниот шампион.

Шумахер доби сериозни повреди на главата при пад на скијање во Мерибел на Француските Алпи во декември 2013 година, по што беше на две операции и долго време беше во медицински индуцирана кома. Хамилтон никогаш не ја криел почитта кон легендарниот Германец, велејќи дека тој му е најголемата инспирација во кариерата покрај Аиртон Сена.

„Михаел, тоа што го израмнив твојот рекорд по бројот на пол-позиции во Белгија оваа година ми значеше толку многу и ми претставуваше вистинска чест. Постојано се молам за тебе и твоето семејство. Продолжи да се бориш, Михаел“, напиша Хамилтон на Твитер.

Шумахер исто така го делеше високото мислење за Британецот кога тој се појави на Ф1 сцената во 2007 година. По кам-бекот со тимот на Мерцедес, Шумахер замина во пензија во 2012 година и на негово место во „Сребрената стрела“ дојде токму Хамилтон.

Scroll to Top