Top Sport

Хамилтон ги избриша сите од Инстаграм, но планира да продолжи во Ф1

Луис Хамилтон нема планови да се пензионира од Ф1 и ќе оди на рекордна осма титула во 2022 година, и покрај тоа што британските медиуми објавија дека тој размислува за повлекување од спортот, за што последен знак беше тоа што престана да ги следи сите на социјалните мрежи.

Хамилтон остана без изјава, без интервју и без коментар по крајот на драматичната трка во Јас Марина, каде што ја загуби трката во контроверзниот последен круг, по што следуваше протестот на неговиот тим, кој четири дена подоцна го повлекоа. Тогаш шефот Тото Волф изјави дека не може да гарантира дали 36-годишниот Хамилтон ќе продолжи

Угледниот „Аутоспорт“ тврди дека Хамилтон веќе го известил својот тим дека нема да се откаже од двегодишниот договор кој го има и ќе биде покрај Џорџ Расел следната сезона.

Scroll to Top