Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон кртички реагираше на изливот на емоции на Макс Ферстапен, кој по трката во Унгарија успети жестоки критики кон својот тим. Преку радио, Холанѓанецот во бес поради лошиот резултат изговори низа грди зборови, а Британецот мисли такво однесување не му доликува на еден шампион.
Хамилтон и Ферстапен водеа голема борба на Хунгароринг за третото место, во финишот на трката. На крајот по контактот Макс го извлече „подебелиот“ крај и поради тоа заврши на петти, додека Луис го освои третото место и по 200. пат во кариерата се искачи на подиумот.
Неколку дена по трката, кога се смирија впечатоците пред Големата награда на Белгија, Британецот испрати порака до колегата од Ред Бул.
„Мораш да биде лидер и во исто време член на тимот. Можеби не треба секогаш да бидеш лидер, но секогаш мораш да знаеш дека тие ти се соиграчи, дека ги има многу и дека мораш да се однесуваш како шампион“, изјави Луис Хамилтон.
На прашањето што точно значи да се однесуваш како шампион, тој само рече дека тоа е добро прашање и дека тоа не е однесувањето од минатиот викенд.
Инаку, Макс му рекол на Луис дека за инцидентот што им се случил на крајот од трката ќе зборуваат насамо, но тој разговор не се случил.
„Не разговаравме, отидовме кај стјуардот и тоа е тоа. Воопшто не разговаравме. Можеби ќе го направиме викендов. Не чувствував дека има потреба, но можеби има нешто што сака да ми каже. Воопшто немавме време за тоа“, додаде Хамилтон.