Top Sport

Хамилтон и „костумот“ од 128 милиони евра

Светскиот првак во Формула 1, Луис Хамилтон, во новата сезона ќе го носи најскапиот „костум“ во историјата на овој спорт. Имено на комбенизонот на Хамилтон ќе лого на 12 спонзори кои за рекламирањето ќе издвојат 128 милиони евра.

Најмногу пари во рекламата на комбенизонот на Хамилтон вложила компанијата од Малезија „Петронас“, вкупно 57 милиони евра. Зад „Петронас“ е „Мерцедес“ (34 милиони евра).

„Петронас“ и „Мерцедес“ се главни спонзори, а Хамилтон направил договор и со неколку „помали“ спонзори, тие заедно издвојуваат 37 милиони евра.

За разлика од светскиот првак во Формула 1, дресот на Манчестер сити има само три спонзори од кои клуботинкасира 108 милиони евра.

Scroll to Top