Top Sport

Хамилтон им се извини на Мерцедес откако ги пцуеше преку радиото

Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон се извини на својот тим Мерцедес, откако во финишпт на Холандското ГП ги пцуеше преку радиото поради погрешната стратегија по која Макс Ферстапен стигна до лесна победа на својата домашна трка.

Хамилтон се најде во неочекувана позиција да се бори за прва победа оваа сезона, откако со стратегија со едно влегување во бокс беше блиску до Макс Ферстапен. Но, прво по виртуелното безбедносно возило, а потоа и вистинското безбедносно возило на патеката по застанувањето на Валтери Ботас, Ферстапен влезе и постави меки гуми, исто како и колегата на Хамилтон, Џорџ Расел, оставајќи го Хамилтон на првото место, но со веќе потрошени „средни“ гуми. Ферстапен веднаш го претекна Хамилтон, кој на крајот во последните 12 круга падна на четвртото место.

„Не ми се верува како е.ано ме заебавте! Не можам да ви кажам колку сум лут“, врескаше Хамилтон преку радиото.

По трката тој беше посмирен.

„Не се извинувам за мојата страст, бидејќи таков сум и не сум секогаш во право. Жал ми е за тимот поради тоа што го кажав во жештината на моментот. Но, сакам да верувам дека чашата не е полупразна. Имаме позитивни моменти од овој викенд, бидејќи болидот беше одличен и мислам дека ќе им дишеме во врат на ривалите до крајот на сезоната“, вели Хамилтон.

Scroll to Top