Top Sport

Хамилтон ја задржа победата, Кими за ист прекршок пред две години беше казнет (видео)

За потврда на спектакуларната и неочекувана победа на Германското ГП, Луис Хамилтон и Мерцедес мораа да почекаат, откако ФИА го истражуваше чудниот потег кога тој прво како да имаше намера да влезе во боксот, а потоа ја премина белата линија и тревата да се врати на патеката.

Фановите на Ферари веднаш посочија дека за сличен инцидент во Азербејџан во 2016 година доби петсекундна казна, која ако сега му беше доделена на Хамилтон тој ќе беше втор зад колегата Валтери Ботас. Вака, Хамилтон останува со предноста од 17 поени пред Себастијан Фетел, кој излета од пол-позицијата.

Според објаснувањето на ФИА за разлика од инцидентот на Раиконен во Баку, овојпат Хамилтон не бил со четирите тркала влезен во боксот, така што казната не може да биде идентична. Нормално, фановите на Ферари сметаат дека се работи за фаворизирање на Британецот.

Scroll to Top