Top Sport

Хамилтон: Јас сум првиот светски шампион од работничката класа

Луис Хамилтон вели дека најголемото остварување во кариерата е „растот“ од скромното семејство и додава дека се надева дека и другите ќе го следат неговиот пример.

Возачот на Мерцедес, кој е шесткратен светски шампион, во интервју за магазинот „Менс хелт“ вели дека патот од социјалните станови во Стивиниџ до светската титула може да биде само инспирација.

„Јас сум првиот светски шампион од работничката класа. Горд сум што поставив пат за другите. Една од моите омилени изјави е: ’Не можеш да бидеш тоа што не го гледаш’. Секој кој ќе ме види на подиумот, дури и да е дете, може да добие инспирација да ги следи своите соништа. Ако тоа се случи барем со еден човек, сум ја завршил работата“, вели Хамилтон.

Формула 1, секако, е прескап спорт за мнозинството љубители на брзината, и повеќе пати е јасно дека само тие со значителни финансиски средства можат да се надеваат на такво нешто.

Сепак, изјавата дека тој е првиот од „работничката“ класа кој стигнал до титулата е помалку проблематична, бидејќи имало и други шампиони кои немале богати родители. Семејството на Кими Раиконен заработувало помалку од 30.000 евра годишно, додека таткото на Фернандо Алонсо работел како механичар во фабрика за експлозиви, а Себастијан Фетел доаѓа од просечно германско семејство. Таткото на најуспешниот на сите времиња, Михаел Шумахер, пак, Ролф Шумахер бил ѕидар пред да отвори приватна картинг патека, каде што неговата сопруга и мајка на Михаел, Елизабет работела во кантината покрај патеката.

Scroll to Top