Светскиот шампион Луис Хамилтон признава дека модерните Ф1 трки најверојатно ги тераат гледачите да заспијат пред ТВ екраните помеѓу возбудата во првиот круг и последните кругови, кога ќе треба да проверат кој победил, и затоа препорачува драстични промени за подобрувањето на шоуто.
Новите Ф1 сопственици „Либерти медија“, токму зголемувањето на возбудата на трките го гледаат како прв предизвик, но засега промените се фокусирани на квалификациите, а не на форматот на неделната ГП трка. Хамилтон, кој е на чекор од својата петта титула во Ф1, предлага воведување на „супер викенд“.
„Мислам дека една од најголемите промени кои е потребна е поради тоа што имаме исти четири дена секој викенд, 21 викенд секоја година. Затоа треба да се смени и да биде подинамично. За одредени патеки мора да има промени за да имаме ’супер викенд’. Постојат некои патеки на кои тркањето е толку досадно. Се сеќавам кога раснев и гледав Ф1 заспивав по стартот. Сигурен сум дека и сега го има тоа, пред да се разбудат за крајот. Има некои патеки кои те држат буден на столчето, како Баку оваа година, меѓутоа, тоа се ретки трки“, објаснува Хамилтон.
Фото: ЕПА