Top Sport

Хамилтон: Монако не смее да ни се повтори

Луис Хамилтон, актуелниот светски првак во Формула 1, уште еднаш профговори за дебаклот што го доживеа Мерцедес на трката за Големата награда на Монако. Хамилтон го освои седмото место, а неговиот колега Валтери Ботас, поради грешката во боксот не ја заврши трката.

„Цело време потенцирам дека ова ќе биде тешка борба за титулата. Ред Бул имаат болид за титула, ќе биде тешко да ги победиме. Тие се сериозен ривал, тоа се покажа и на првите четири трки. Во Бахреин победивме, иако реално таа трка не требаше да ја добиеме“, рекол Хамилтон.

Британецот, имаше лош викенд во Монте Карло, трката ја заврши на седмото место, но успеа да осови плус еден бод за најбрзиот круг.

„Имавме многу проблеми во Монте Карло. Ништи не беше како што треба. Вакви работи не смеат да ни се повторат, доколку сакаме да се бориме за титулата. Добра работа е што и покрај сите проблеми го освоивме бодот за најбрз круг. Можеби тој бид на крајот да биде пресуден“.

Хамилтон, на првите четири трки во сезоната, три пати победи, а еднаш беше втор. Поради седмото место во Монте Карло, тој првото место во генералниот пласман му го препушти на Макс Ферстапен.

Наредната трка на програмата ќе биде на 6.јуни во Азербејџан .

Scroll to Top