Актуелниот светски првак Луис Хамилтон забележа најдобро време на последниот слободен тренинг пред официјалните квалификации за трката на Големата награда на Белгија.
Хамилтон најдобро им се прилагоди на променливите временски услови на патеката Спа Франкошамп и го извозе најбрзиот круг со време 1:43.255 минути. Најблиску до Британецот беше возачот на Рено, Естебан Окон (+0.230), а зад нив се најде Ландо Норис од Мекларен.
Четврто најбрзо време забележа Алекс Албон од Ред Бул. Тој беше пред Валтери Ботас од Мерцедес и клупскиот колега Макс Ферстапен кој на вториот тренинг имаше најдобро време.
? FP3 TOP 10 ?
1 HAM ?
2 OCO
3 NOR
4 ALB
5 BOT
6 VER
7 RIC
8 STR
9 SAI
10 PER#BelgianGP ?? #F1 pic.twitter.com/TEuzqbxgbg— Formula 1 (@F1) August 29, 2020
Третиот тренинг го обележа мачењето на Ферари, чии возачи минатата година беа најбрзи на легендарната патека. Минатогодишниот победник Шарл Леклер заврши на 17, а Себастијан Фетел на последното 20 место.
Квалификациите ќе се возат од 15 часот, а трката во Белгија е утре од 15.10 часот.