Возачот на Мерцедес, Британецот Луис Хамилтон беше најбрз на денешниот прв тренинг пред Ф1 трката за Големата награда на Унгарија која ќе се вози во недела од 15 часот.
Светскиот шампион оствари време од 1:16,003 минути.
Хамилтон за само 0,086 секунди беше побрз од клупскиот колега, Валтери Ботас.
Двоецот на Рејсинг Поинт, Серхио Перез и Ленс Строл имаа трето и четврто најдобро време, додека Даниел Рикардо со Рено беше петти.
По нив следуваа возачите на Ферари, Себастијан Фетел и Шарл Леклер, додека возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен беше осми на тренингот.
Во текот на попладнето е планиран уште еден тренинг на патеката во Унгарија. За утре се планирани квалификациите, а задутре е трката.