Top Sport

Хамилтон не е импресиониран од „силеџии“ како Ферстапен

Седумкратниот светски шампион, Луис Хамилтон повеќе пати изјави дека го респектира својот ривал Макс Ферстапен, но во новата сезона на „Вози да преживееш“, серијата на „Амазон“ која ќе дебитира на 11 март, признава дека не му се допаѓа неговиот стил.

„Мислам дека Макс е пеколно агресивен. И многу често, оди до границите и над нив. Сум се тркал против многу возачи и секогаш има такви силеџии, но јас не функционирам така. Јас само се обидувам да ги победам на патеката“, вели Хамилтон во серијата.

Неговиот шеф во Мерцедес, Тото Волф, пак во документарецот вели дека Ферстапен ја освоил титулата поради неговиот тимски менаџер Џонатан Витли и дека ФИА морала да реагира порано со отказот за директорот на трки Мајкл Маси поради „неговиот карактер“.

Scroll to Top