Top Sport

Хамилтон: Не сме подготвени да се тркаме со Ред Бул, премногу се брзи

Актуелниот светски шампион, Луис Хамилтон, не е задоволен од она што го прикажа Мерцедес во квалификациите за трката на Големата награда на Австрија.

Хамилтон, утрешната трка ќе ја започне од четвртото место, зад него ќе биде неговиот тимски колега Валтери Ботас.

Британецот, зад освојувачот на пол-позицијата, Макс Ферстапен задоцни за 294 илјадити делови од секундата.

„Едноставно не бевме доволно брзи. Мораме напорно да работиме за да го унапредиме болидот. Не знам што прават во Ред Бул и дали тие дополнително се подобрија, знам само дека ние треба да работиме напорно за да ги стигнеме. Дефинитивно не сме подготвени да се тркаме со нив. Премногу се брзи“, рекол седумкратниот светски шампион.

Scroll to Top