Првата трка од новата сезона во Формула 1 во Бахреин ни носи една исклучителна шпекулација – седумкратниот светски шампион, Луис Хамилтон наводно веќе не зборувал со возачот на Вилијамс, Џорџ Расел од минатогодишната трка во Бахреин, каде што Расел воодушеви како замена за Хамилтон.
Минатата година, шампионатот веќе беше одлучен кога Хамилтон беше позитивен на КОВИД-19 и не можеше да настапи на Сакир ГП трката, по што шефот Тото Волф се одлучи да му даде шанса на сонародникот на Хамилтон, Џорџ Расел. Тој беше најбрз на двата тренинзи, а во трката беше на пат до доминанта победа, но тимот направи грешка.
Сега, според британските медиуми, Хамилтон не зборувал со Расел, бидејќи сметал дека тој му е закана и дека Мерцедес му дале шанса само да ги намалат неговите побарувања за новиот договор, кој на крајот е на само една сезона. Тото Волф вели дека ситуацијата е можна.
„Ова е првпат што го слушам тоа, но искрено, чувствата на моите возачи се последно нешто на што мислам. Сигурен сум дека конкурентноста е голема. Големите момци секогаш чувствуваат кога доаѓа некој нов и Расел е од новата генерација“, вели Волф.