Актуелниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, рекол дека неговиот тим ќе мора да биде на повисоко ниво од лани доколку сака да им се спротивстави на Ферари и Ред Бул.
Мерцедес доминира во изминатите четири години, а оваа сезона ќе се обиде да дојде до рекордната петта титула во конкуренција на возачите и конструкторите. Хамилтон би можел да стане третиот возач во историјата со пет шампионски титули.
Минатата сезона Мерцедес водеше жестока борба со Ферари, а Хамилтон очекува таа борба, оваа година, да биде уште пожестока.
„Секоја година мораме да бидеме на високо ниво. На пример, Ред Бул, на почетокот на минатата сезона беше втор, а во последната трка беше веднаш зад нас. Нивото на нивниот развој беше подобар во однос на останатите. Во овој дел од годината сите се обидуваат да ’вознемират’ некого, а ние на сите им сме совршена мета бидејќи сме светски шампиони. Мислам дека сите сме под притисок“, рекол Хамилтон.
Британецот упати низа комплименти за конкурентските тимови, Ферари и Ред Бул.
„Впечатокот е дека Ред Бул направил одлична работа со болидите, овој викенд би требало да бидат уште побрзи, покрај тоа имаат и одлично возачи. Тука е и Ферари кој жестокот се бореше минатата година. Тоа не беше лесна задача. Очекувам дека така ќе биде и годинава“, дополнил Хамилтон.
Инаку, Ред Бул и Ферари го посочија Мерцедес како најголем фаворит за победата на Големата награда на Австралија со која в недела ќе започне новата сезона во Формула 1.