Top Sport

Хамилтон повеќе би сакал тесни трки отколу целосна доминација

Луис Хамилтон можеби е на добар пат да освои седма Ф1 титула во 2020 година по доминацијата на стартот на сезоната, но вели дека повеќе би сакал да има „супер-блиски“ битки со Макс Ферстапен и Шарл Леклер.

Ферстапен и Леклер, двете нови Ф1 ѕвезди беа покрај Хамилтон на подиумот во Силверстоун во неделата по катастрофата на Валтери Ботас пред крајот, но Мерцедес повторно покажаа супериорна форма пред конкурентите. Хамилтон веќе има 30 поени предност пред Ботас, 36 пред Ферстапен и 55 пред Леклер.

„Искрено, јас сум тркач во срцето и би сакала да има трки. Кога раснев, посебно во картинг трките, секогаш имаше тркање тркало-до-тркало и тоа беше многу возбудливо. Оваа година не очекував ваква борба за титулата. Многу повеќе би сакал да имаме тесна трка со Макс и Шарл, бидејќи тоа ме мотивира“, вели Хамилтон.

Scroll to Top