Top Sport

Хамилтон пред Ферстапен на третиот тренинг

Луис Хамилтон доминираше и на третиот слободен тренинг, во пресрет на последната трка во првенството на Формула 1, Големата награда на Абу Даби.

Актуелниот светски првак, на најмеката компонента на гуми, го постави најбрзиот круг, 1:23.274 минути.

Втор најдобар резултат имаше Макс Ферстапен од Ред Бул. Холанѓанецот дури во финишот на тренингот ја намали разликата на 0.214 секунди. Во најголем дел од тренингот Ферстапен имаше за повеќе од една секунда послабо време од Хамилтон.

Валтери Ботас го имаше третото најбрзо време. Финецот од клупскиот колега беше поспор за 0.751 секунди, но тој воопшто не излезе на патеката во последните 15 минути.

Квалификациите за пол-позицијата на патеката „Јас Марина“ ќе се возат во 14 часот, во истиот термин утре ќе стартува трката за Големата награда на Абу Даби.

Scroll to Top