Мерцедес ги покажа амбициите на Руското ГП овој викенд, откако Луис Хамилтон го предводеше својот колега Валтери Ботас до 1-2 најдобро време на вториот слободен тренинг во кој доминираа со долго излегување на патеката.
Себастијан Фетел во Ферари, кој постави најдобар круг во првата сесија, и имаше добар круг на стартот на сесијата, но набргу беше поминат од Макс Ферстапен во Ред бул, пред Хамилтон и Ботас да ги „растурат“ двајцата со четири десетинки подобро време.
На крајот на сесијата, двата Мерцедеси беа пред двата болиди на Ред бул, а дури од петтото место следуваа Фетел и Раиконен во Ферари, што не е добар знак за италијанскиот тим кој треба да ја брка предноста на Хамилтон во прекрасниот руски град на крајбрежјето на Црното Море.
Двајцата возачи на Форс Индија влегоа во топ 10, како и Пјер Гасли и Маркус Ериксон, додека Мекларен имаа лоша сесија – Фернандо Алонсо беше 17., а Штофел Фандорне 18-ти, само пред возачите на Вилијамс.
Фото: ЕПА