Луис Хамилтон имаше одлична сезона, во која ја запечати својата четврта светска титула во Формула 1, станувајќи најдобриот британски возач во историјата, и сега победата ја „зачини“ со нов стан.
Британските медиуми објавуваат дека тој купил куќа во Кенсингтон, еден од најексклузивните квартови во западен Лондон. Иако однадвор куќата е можеби неспектакуларна, таа чини 18 милиони фунти – внатре има 560 квадратни метри простор со седум спални соби, а претходен сопственик е главниот дизајнер на „Барбери“, Кристофер Бејли.
Одлично место за момчето кое порасна во Стивениџ, малото градче на 50 километри од Лондон.