Top Sport

Хамилтон: Се сеќавам кога го гледав Михаел и сонував за само една титула

Луис Хамилтон е освојувач на седум светски титули, израмнувајќи се со Михаел Шумахер со убедливата победа во Турција, и секако влегувајќи во историјата на Формула 1, признавајќи дека ниту во најлудите соништа не можел да замисли толку успех во спортот.

„Знам дека честопати кажувам дека ова е над моите најлуди соништа, но мислам дека цел мој живот потајно сум сонувал за успеси. Се сеќавам кога го гледав Михаел како освојува титули и си помислував само да стигнам до една е многу тешко. Седум беа незамисливо! Каков ден“, изјави Хамилтон за „Скај спортс“ по трката.

Само две недели откако во Имола кажа дека размислува за својата иднина во спортот, тој сега најавува дека би сакал да продолжи, иако уште нема договор за следната сезона.

„Се чувствувам како само што почнувам. Физички сум во одлична форма, но оваа година имаше предизвик кој не знаев дали може да се надмине и за среќа имав луѓе кои ме натераа повторно да го вратам фокусот. Се надевам на подобра следна година и би сакал да останам. Мислам дека имам уште работа тука. Сакам да помогнам на Формула 1, на Мерцедес на овој пат“, објаснува шампионот.

Кој вели дека Хамилтон не знае на дожд? Седмата титула запечатена со турска победа

Scroll to Top