Top Sport

Хамилтон со нова модна ревија, овојпат во Токио, уште не мисли на титулата

Луис Хамилтон инсистира дека е рано да се слави петтата светска титула, додека фокусот го префрли на модата, промовирајќи ја новата едиција со „Томи Хилфигер“ во Токио во понеделникот.

Пред Британецот е Американското ГП во Остин, патека каде што е непоразен од 2013 година и каде што уште една победа со Себастијан Фетел подалеку од второто место ќе му ја обезбеди титулата.

33-годишниот Хамилтон остана во Јапонија и во Токио ја промовираше својата модна линија, пред во среда да се врати во Британија, односно во седиштето на Мерцедес Ф1 во Брекли. Потоа, следува патувањето за САД, по што остануваат уште трките во Мексико, Бразил и Абу Даби, кои можат да бидат само парада на шампионот.

„Прво треба да се заврши работата, а потоа да се слави. Во минатото во Ф1 имаше многу примери кога се случуваа чудни работи, и затоа ќе бидам во фабриката оваа недела и ќе работиме да извлечеме максимум од болидот. Шампионатот е маратон, а не спринт“, вели Хамилтон.

Scroll to Top