Луис Хамилтон го загуби местото на подиумот на Австриското ГП, откако доби петсекундна казна за предизвикување судир со Александер Албон во Ред бул во финишот на трката, но смета дека казната била престрога и дека се работело за „обичен тркачки инцидент“.
Откако по низа излегувања на безбедносното возило дозволија Албон да биде на третото место и да се обиде да го помине светскиот шампион од левата страна, се случи контакт, по што возачот на Ред бул остана на последното место, а потоа се откажа поради проблеми со болидот.
Казната значеше дека Хамилтон паѓа од второто место до четвртото место со втората казна на денот, откако и пред трката доби казна на стартот поради протестот на Ред бул.
Зборувајќи по трката, Хамилтон призна дека било тешко да се „проголта“ казната.
„Во моментов не размислувам многу, бидејќи трката е завршена и мислам на иднината. Вчера на квалификациите јас направив грешка, иако беше чудно што добив казна денеска додека се подготвував. Но, судирот со Албон беше обичен тркачки инцидент и тоа беше престрого“, вели Хамилтон.
Ohhh… Hamilton vs Albon. pic.twitter.com/xHKAYFRHgC
— Oana Popoiu (@Oana_Popoiu) July 5, 2020
Based on Hamilton’s reaction, he’s not at fault for the incident with Albon. #F1 | #AustrianGP pic.twitter.com/rNdZnXsvY4
— JJ (@TomcatNASCAR_2) July 5, 2020