Top Sport

Хамилтон внимателен пред Имола: Не ги отпишувајте Ред бул

И покрај тоа што тој и неговиот клупски колега Валтери Ботас ја вратија доминацијата на Мерцедес на првите два тренинзи пред ГП на Емилија-Ромања на славната Имола овој викенд, светскиот шампион, Луис Хамилтон смета дека не треба да се смета дека Ред бул веќе се победени.

Хамилтон и Ботас успеаја да имаат совршен петок со 1-2 пласман во двете сесии, додека Макс Ферстапен имаше проблеми со менувачот и пропушти голем дел од втората сесија.

„Започнавме со одличен сетап, и потоа направивме само мали промени и немавме проблеми. Засега е многу добро и доста сме брзи. Но, мислам дека уште не сме го виделе најдоброто од Ред бул. Имаа лоша сесија, и дури утре на квалификациите ќе видиме колку се навистина брзи“, вели Хамилтон.

Scroll to Top