Top Sport

Хамилтон во Абу Даби ќе вози со посебна кацига (Фото)

Британецот Луис Хамилтон, в недела, официјално ќе го подигне трофејот кој му се доделува на светскиот првак во Формула 1.

Возалот на Мерцедес, во Абу Даби, ќе ја прослави петтата шампионска титула во кариерата, а за таа пригода тој ќе има посебно дизајнирана кацига.

Кацигата ќе биде во златна боја и на неа ќе има пет ѕвезди, што ќе го симболизираат бројот на титулите што ги освоил.

Хамилтон веќе објави фотографии од кацигата која ќе ја носи на трката за Големата награда на Абу Даби.

Scroll to Top