Луис Хамилтон откри дека добил ретка СМС-порака од својот најголем ривал на патеката, Себастијан Фетел од Ферари по крајот на сезоната во која Британецот повторно по петти пат стана светски шампион.
„Себастијан ми прати порака, нешто што не го прави често и ме праша: ’Дали би сакал да ги размениме кацигите?’. Фудбалерите го прават тоа често со дресовите, но кацигите се многу поскапи и искрено, драгоцени за нас возачите. Јас лично не ги давам моите кациги и претходно имав само сменето со Михаел Шумахер, но морав да го испочитувам Себастијан како четирикратен светски шампион и голем ривал. Тоа е најголемата почит која можеш да ја добиеш“, вели Хамилтон.