Top Sport

Хамилтон: Засрами се Шпанија, ова е одвратно

Луис Хамилтон продолжи со својот активизам на социјалните мрежи, но овојпат на мета не беше движењето „Black Lives Matter“, туку преку Инстаграм се пожали на тоа што во Шпанија уште се дозволени борбите со бикови.

Познато е дека Хамилтон е веган и постојано е загрижен за правата на животните, а сега на мета ја фати Шпанија. Во фотографија со мртов бик покриен во крв тој прати кратка порака.

„Ова е навистина одвратно, Шпанија“, напиша Хамилтон.

Тој го повика Министерството за образование во Шпанија да интервенира.

„Децата во Шпанија се учат да ги мачат и убиваат биковите на 14 години. Бараме Министерството за здравство да ги затвори школите за борци со бикови веднаш“, додаде Хамилтон.

Scroll to Top