Top Sport

Хас би можеле да го ангажираат Перез

Тимот Хас реши да остане во Формула 1, а можно е во 2021 година амриканскиот тим да има нови возачи. Се шпекулира дека можное во Хас наредната година да вози Серхио Перез. Актуелни возачи на Хас се Кевин Магнусен и Себастијан Грожан.

Серхио Перез по завршувањето на сезоната ќе замине од Рејсинг Поинт. Овој тим реши на местото на Перез да го ангажира четирикратниот светски првак Себастијан Фетел.

„Не постои возач кого би сме го потпишале „па прва“, без размислување. Не работиме ние така. Во моментов имаме многу опции. ќе мора да ја донесеме најдобрата одлука на средни и долги патеки. Во моментов немаме никавни проблеми, мораме само да видиме какви ни се плановите и каде е нашата шанса“, рекол шефот на Хас, Гинтер Штајнер.

Scroll to Top