Top Sport

Хас ќе го ангажираат Антонио Џовинаци

Се уште нема одлука кој ќе го замени Никита Мазепин во тимот на Хас. Поради руската инвазија врз Украина, Хас го отпушти Мазепин и ја прекина соработката со главниот спонзор „Уралкали“.

Газдата на тимот, Џин Хас, рекол дека допрва ќе биде донесена одлука кој ќе му биде колега на Мик Шумахер. Тој само потврдил дека за тимот ќе тестира Пјетро Фитипалди.

Фитиплади има искуство од трките во Формула 1. Во 2020 година тој возеше две трки.

И покрај тоа што Фитипалди е кандидат за испразнетото место во тимот, медиумите тврдат дека нов возач на Хас ќе биде Антонио Џовинаци.

Италијанскиот возач ги напушти Алфа Ромео и се пресели во Формула Е. За да се врати во Формула 1 треба да го раскине договорот до новиот тим.

Scroll to Top