Top Sport

Хас ќе се откажат од милионите на Мазепин поради лошиот публицитет?

Американскиот Ф1 тим Хас Ф1 најверојатно ќе се откаже од милионите во спонзорство кои со себе ги носи Никита Мазепин, поради неговативниот публицитет кој го носи синот на рускиот милијардер, јавуваат повеќе американски медиуми.

Според „ЕСПН“, во тимот на Џин Хас се загрижени од негативната реакција на јавноста по видеото кое се појави на Инстаграм профилот на Мазепин, на кое тој „граба“ еден модел на задното седиште на неговиот автомобил.

Хас прво реагираа на ова со порака дека ситуацијата ќе се реши „внатрешно“, а самиот Мазепин на своите социјални мрежи ги избриша сите споменувања на Ф1 и на Хас. Парите кои ги носи Русинот со себе ќе мораат да бидат заменети со други приходи, бидејќи вториот возач на тимот за 2021, Мик Шумахер е во тимот како дел од партнерството со снабдувачот на мотори на тимот, Ферари.

Англиските медиуми тврдат дека Пјетро Фитипалди и Калам Илот се меѓу возачите кои би можеле да го заменат него, додека во игра е и ветеранот Нико Хилкенберг.

Синот на милијардер и нов Ф1 возач, Мазепин во скандал со непристојно „пипкање“

Scroll to Top