Top Sport

Хилкенберг без милост за Грожан: Знаеме дека сака да се извртува (галерија+видео)

Нико Хилкенберг вели дека возачот на Хас Ф1, Роман Грожан мора да си ја „заврши домашната“ откако Французинот се изврте на стартот на трката во Шпанија и ги „собра“ Хилкенберг во Рено и Пјер Гасли во Торо росо во застрашувачки инцидент.

За извртувањето во првиот круг, Грожан доби казна од три места за Монако ГП трката, но ова не е првпат Французинот да направи вакво нешто – во Азербејџан тој се изврте зад безбедносното возило и заврши во ѕид и сега останува без ниту еден поен во пет трки и покрај одличната форма на неговиот болид.

Хилкенберг не беше импресиониран.

„Едноставно ме удри. Видовме дека Роман се изврте и дека се врати на патеката, така што немав каде да одам. Тој не изгледа најдобро во таа ситуација. Но, во основа, тој сака да се извртува во текот на викендот, но не е добро да го прави тоа во првиот круг. Мора да го разгледа тоа и да си ја заврши домашната работа“, вели Хилкенберг.

Грожан вели дека казната е престрога.

„Немам што многу да објаснувам. Ја загубив контролата на задниот дел на третата кривина и се извртев. Ако ги погледнете снимките се обидував да избегнам контакт со колегата Кевин Магнусен. Жал ми е за другите, но и јас сакав добра трка“, се правдаше Грожан.

Scroll to Top