Top Sport

Хонда подготвени да им дадат уште помоќен мотор на Ред бул за 2022

Масаши Јамамото, шефот на Ф1 операциите на Хонда, вели дека јапонскиот производител продолжува да работи на новиот мотор на Ред бул за 2022 и покрај нивното заминување од спортот.

Хонда лани објави дека престанува со работата со својот Ф1 оддел, по што Ред бул формираа сопствена компанија која ќе продолжи да го развива моторот на Јапонците, но Јамамото вели дека уште се работи на моторот за 2022, кој според новите правила ќе користи Е10 гориво (био-гориво), кое ќе биде задолжително од следната година.

„За мене лично, тажно е што престануваме со проектот, бидејќи сакав Хонда да остане и да се натпреварува со Мерцедес. Ред бул ни дадоа одличен болид со кој можеме да конкурираме на досега недостижните и мислам дека сега сме израмнети според моќта, и разликите доаѓаат само поради различните патеки“, вели Јамамото.

Scroll to Top